Платата ќе беше 700 евра да не крадеа СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

t

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираат на предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 600 евра.

– СДС денес се одважи и напиша на хартија Предлог закон за минимална плата од 600 евра, за волја на вистината напишале и колку пари им се потребни (околу 7,5 милијарди денари или околу 110 милиони евра), но од каде ќе ги најдат заборавиле да напишат.

Доброто во Предлог законот на СДС е тоа што покажуваат дека тие можеле да ја зголемат минималната плата во нивно време и до 600 евра, но арамилукот им бил помил.

Да не дозволеа злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот и штетел на граѓаните, денес работниците ќе имале и повисоки минимални плата можеби од 700 евра.

Но за жал, СДС и ДУИ, гледаа како можат што повеќе да ја украдат државата и да си ги наполнат сопствените џебови. – стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…