СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е жално да се гледа

t

Малку требаше за Мицкоски да си ги погази своите ветувања дека секој функционер кој се огрешил ќе одговара. Тоа ќе важи изгледа само за обичните граѓани, но не и за политичарите од неговата коалиција, реагираат од опозициската СДСМ.

– Мицкоски коленичи пред Гаши и ова е жално за гледање. Ниту СДСМ ниту било кој друг не напиша јасно во полицискиот извештај дека е издадена „незаконска наредба од страна на Претседателот на Собранието”. 

Треба ли поголем доказ од ова? За жалење е и министерот Тошковски кој наутро во извештајот пишува незаконска наредба од Гаши, а вечерта го брани дека немало основа за кривична одговорност. 

Се што е спротивно на законот носи правна одговорност и ова е класично замижување пред правдата со цел да се спаси коалицијата. Се она за што ВМРО-ДПМНЕ го обивнуваше СДСМ, сега самото ДПМНЕ го прави во двојно поголеми размери. 

Го повикуваме Мицкоски да се одважи и да го смени Гаши. Само така ќе докаже дека стои на својот збор за одговорност на политичарите, во спротивно му порачуваме да замолчи засекогаш на оваа тема – велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ бара Таравари да поднесе оставка

Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…

СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…

„Зголемените трошоци за живот се претворија во…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…

Починале 20 бебиња за 6 месеци –…

„Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на…

СДММ: МОН ги остави студентите на цедило,…

Прес конференција на Јовица Јанковиќ – потпретседател…