Објавено на:

СДСМ: Мицкоски тврдеше „нема поскапувања“, а горивата повторно поскапуваат

t

Христијан Мицкоски тврдеше дека „нема поскапувања“ и дека владата „контролира сè“, горивата во Македонија повторно поскапеа. Уште една лага, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат „Европа отворено најавува економска криза. Авиокомпаниите откажуваат летови поради скап керозин. Само една германска компанија најавила откажување на 20.000 летови. Цените на ѓубривата повторно растат, земјоделците се без поддршка и без субвенции. Исто така, цените на основните животни намирници растат од ден на ден. Граѓаните се оставени сами со празни фрижидери и празни џебови“.

„Мицкоски и ВМРО-ОКГ:

-одбиваат да го укинат ДДВ на храна, и да го намалат ДДВ на горивата на 5%,

-одбиваат да воведат какви било мерки за заштита на стандардот на граѓаните,

-одбиваат да ја зголемат минималната плата,

-продолжуваат да ги задолжуваат граѓаните, од почетокот на годината има 700 милиони евра нов долг само за три месеци“ е ставот на опозициската партија.

Од СДСМ велат „Економијата оди надолу, странските инвестиции паднаа за 60%, се случуваат масовни отпуштања на работници од индустријата. Потрошувачката кошница за една година поскапе за околу 4.000 денари, а владата продолжува да зборува дека „буџетот е во одлична кондиција“. Два месеца СДСМ бара конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Владата молчи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски тврдеше „нема поскапувања“, а горивата…

Христијан Мицкоски тврдеше дека „нема поскапувања“ и…

Манасиевски: На СДСМ и Филипче најблиски им…

СДС и Венко Филипче упорно се трудат…

Кузеска: Груевски од Унгарија наведува што треба…

Никола Груевски, осудениот криминалец во бегство, повторно…

СДСМ: Мицкоски сака да го апси Груевски

Соопштение за јавност По одлуката да ги…

СДСМ: ВМРО си формираа „свој синдикат“ во…

Соопштение за јавност Независниот синдикат на професионални…