Манасиевски: На СДСМ и Филипче најблиски им се проруските бизнисмени Онишченко, Борче Марковски и Дака
СДС и Венко Филипче упорно се трудат да се претстават како проевропска опција, додека најблиски им се проруските бизнисмени како Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака. Во времето на владеењето на менторот на Филипче, Зоран Заев, овие проруски бизнисмени добиваа тендери, плацеви, па дури и државјанства само поради соработката и блискоста со Зоран Заев, вели членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
„СДС и Филипче се проевропски ориентирани само на хартија, а во реалноста се сосема поинакви. Доказ за тоа е злоупотребата на Европското знаменце во Собранието кога тие беа на власт, за што добивавме негативни извештаи од Брисел. Кога СДС и Филипче говорат за Европа, се потсетуваме на нивните ветувања за бесплатно здравство, квалитетно образование и повисоки плати. А од сето ова добивме фотографија од авион на чиј лет ни беше ветен датумот за влез во ЕУ“, рече Манасиевски.
Според него, СДСМ и лидерот на опозициската партија се антипод на Европа.
„СДС и Филипче се антипод на Европа. Тие се партија која е полна со корупција и криминал. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која на достоинствен, чесен и исправен начин ќе ја внесе Македонија во ЕУ“, посочува Манасиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…