СДСМ: Не допира гласот до Обивнителство за криминалните тендери на власта
Поминаа 50 дена од објавата на првите скандали, првите бомби од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ниту едена реакција од ниту една институција, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Не допира гласот до Обвинителството за милионските скандали и криминални тендери на власта, нема реакција од ДКСК, нема реакција од Финансиска полиција. Молк. Во изминатите 50 дена, Антикорупцискиот тим објави серија сериозни скандали, поткрепени со факти и докази за тоа како се делат тендери во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.
1.Тендери од 9 милиони евра за фирма основана 2024 година, без историја и без релевантно искуство, само со двајца вработени.
Не допира гласот до Обивнителството.
2.161 тендер кај семејна фирма на Томовски во вкупна вредност од 5,3 милиони евра.
Не допира гласот до Обивнителството.
3.Сомнителен капитал преку Алта банка влегува во Македонија, иако Европската централна банка забранила влез во ЕУ поради сомнежи за потекло на капиталот и можно перење пари. А во Алта банка – цела структура на ВМРО.
Не допира гласот до Обвинителството.
4.Откивме скандал и со тендери од 1,2 милиони евра за фирма со тројца вработени. Повторно ист модел: милионски суми, минимален број вработени, истите фаворити.
5.Јавно објавивме документи и писмо на свиркачи за тендер од 1,2 милиони евра доделен на фирма блиска до ЗНАМ во Пошта.
Ниту за овие скандали не допира гласот до Овинителството.
6.Антикорупцискиот тим објави повеќе „бомби“ за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општини под контрола на ВМРО. 51 тендер од општините, 16 милиони евра јавни пари.
7.Сопственикот бил член на Избирачки одбор на ВМРО-ДПМНЕ а тендерската мрежа се шири преку семејни и партнерски фирми.
8.Дополнително, објавивме и на кој начин целата пирамидална мрежа на фирми води директно до кабинетот на премиерот Мицкоски и Владимир Нелоски.
Според неа, затоа власта презема контрола врз сдуството и обвинителството во обид да се спаси од одговорност за криминалните тендери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Не допира гласот до Обивнителство за…
Поминаа 50 дена од објавата на првите…
Филипче ќе го тужи Жан Митрев за…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на…
Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор…
СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и…
Опозициските партии Левица и Социјалдемократакиот Сојуз на…
Само по скапите часовници на Мицкоски сме…
Компанијата IFL Watches објави ранг листа на…