Филипче ќе го тужи Жан Митрев за нарушување на честа и угледот

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање, денеска изјави дека случајот со д-р Жан Митрев и неговата приватна клиника се темели на една голема лага и најави дека приватно ќе го тужи поради нарушување на честа и угледот.

„Ова сѐ се темели на една голема лага. Зошто? Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Второ, зошто тој не поднесува тужба, туку обвинителство по допрен глас? Но, како и да е, нека ја завршат анализата итн., согласно одлуката, а после тоа откако ќе се утврди дека тоа не постои, јас немам никаква вина, ќе го тужам приватно за нарушување на честа и угледот“, рече Филипче.

Тој потенцираше дека за неговата чест и углед работел напорно и чесно, и нема да дозволи “бандитски работи да му ги нарушуваат честа и угледот“, што за него се најважни во животот.

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет по допрен глас за тврдењата на Митрев за притисок од екс-премиерот Зоран Заев и Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…

Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…