СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност

t

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме, обвинија од СДСМ.

На прославата се појавија македонски знамиња со 12 краци, наместо со 8 колку всушност има државното знаме.

„Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски, а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат. За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти. За македонско знаме – аматери. Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба“, велат од СДСМ.

Од опозицијата бараат Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже која компанија била ангажирана, кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет, колку пари се потрошени и кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за…

На официјална државна прослава за 35 години…

Трамп: Не придаваме преголемо значење на повторното…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста…

Подгответе се за гужви – Почнуваат градежни…

Град Скопје ги известува граѓаните на наслеба…

Уште денови со пеколни горештини: Живата на…

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло…

Нов украински напад, Крим остана без струја

Украинските сили извршија нови напади врз цели…