СДСМ предлага стопирање на растот на функционерските плати
Платите на функционерите не треба повторно да растат. За да останат на сегашното ниво, СДСМ предлага измени на 6 закони, меѓу кои и на оној за пратениците. Предлогот подразбира намалување на коефициентите, што според партијата, е единствено уставно решение. ВМРО ДПМНЕ начелно ја прифаќа оваа идеја, но конкретниот став ќе го изнесе откако ќе го види целиот текст на законите.
Пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители и другите избрани и именувани функционери нема да добијат ново покачување на платите во износ од 300 до 500 евра. СДСМ предлага да им се ограничат наместо да се усогласат со растот на просечната плата. Доколку не се донесат измените на шест закони, над илјада функционери ќе добијат плати повисоки за 15,3 одсто. Се предлага коефициентот на трите први функции во државата: претседател, спикер и премиер, да се намали од 4,50 на 3,91. Пратениците не се исклучок.
Со овие измени нивните плати нема да се намалат туку ќе останат на сегашното ниво. Костовски тврди дека тоа е единственото уставно решение.
ВМРО-ДПМНЕ начелно ја поддржува идејата да се бара решение за ограничување на платите. Но, конкретните забелешки ќе ги каже кога ќе го види текстот на предложените измени.
Функционерските плати драстично пораснаа лани во март и април. Одлуката на Уставниот суд со која се укина фиксната основица за правење пресметки овозможи покачување од 78 одсто. Тогаш, усогласувањето беше според просечна плата од 35 илјади денари. Новото усогласување оваа пролет треба да биде со декемврискиот просек кој, според Статистика, изнесува 40 илјади денари, или, еден множител наречен основица – поголем за 5 илјади денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата во засилена акција: 161 прекршок кај…
Полицијата вчера спровела засилени сообраќајни контроли низ…
Владата ја продолжува мерката за намалување на…
Владата ја продолжува мерката со која ДДВ…
Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното…
Америка подготвува јавна егзекуција по 90 години:…
Американската војска планира во живо да ја…
Мицкоски: Уставните измени остануваат услов, бараме начин…
Ставот на Владата за уставните измени како…