СДСМ: Со ДПМНЕ и Левица нема иднина

t

„Анти-ЕУ и анти-НАТО коалиција на ДПМНЕ и Левица е единствениот кочничар на европската иднина на државата“, соопштија утрово од СДСМ.

„И покрај успешниот скрининг и силната поддршка во унијата, не започна процесот на отворање поглавја и тоа поради активната блокада на ДПМНЕ и Левица во македонското Собрание.

Со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија, нема иднина.

Затоа на овие избори граѓаните ќе ги казнат ДПМНЕ и Левица за блокадите на европскиот пат.

Со глас за СДСМ и Европскиот Фронт се обезбедува европска иднина, продолжување по европскиот пат до полноправно членство во ЕУ.

СДСМ ќе ја формира новата проевропска Влада која ќе ја однесе државата во Европската Унија и ќе обезбеди европска иднина, европски стандард и европски вредности“, додаваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…