СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се обиде да ја релативизира одговорноста на актуелните функционери

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш потврди дека постои сериозен обид да се минимизира и релативизира одговорноста на носителите на актуелни функции и институции поврзани со трагедијата во Кочани, реагираат од политичката партија по изјавата на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.
– Наместо да се лоцира институционалната одговорност и да се повикаат на одговорност директорите на Државниот пазарен инспекторат, УЈП и други релевантни органи кои имаа обврска да постапуваат, фокусот се префрла на индивидуални случаи и на маргинални групи, избегнувајќи ја суштината – зошто и како фирма увезувала и со месеци продавала опасна пиротехника без дозвола, и кој тоа го дозволил.
Дополнително, наместо да се отворат посебни истраги за секој аспект од случајот – за незаконскиот увоз, за институционалниот надзор, за реакцијата на полицијата и за конкретните пропусти на диското, Обвинителството сѐ спакува во еден предмет, со што ризикува да се развлекува постапката со години, па дури и децении. Со ваков пристап, правдата станува недостижна – а тоа е неприфатливо.
Сериозно прашање е и одлуката приведените полицајци и полициски функционери, кои биле одговорни кобната вечер, да се пуштат на слобода со мерки за претпазливост. Особено загрижува фактот дека двајца од нив биле пресретнати на пат кон граница со Бугарија, што отвора сомнеж за можно бегство и криење на вината.
СДСМ уште еднаш потенцира – без целосна и непристрасна истрага, без одговорност за институциите и носителите на функции кои затаиле, нема да има вистинска правда за жртвите и нивните семејства.
Граѓаните гледаат. И со право очекуваат правда. – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…