СДСМ ја поздравува пораката на Маѓар за екстрадиција на Груевски
СДСМ ја поздравува пораката на унгарскиот премиер Петер Маѓар за екстрадиција на екс-премиерот Никола Груевски. Потсетуваат дека новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште за луѓето кои бегаат од правдата.
„Маѓар експлицитно наведе дека Унгарија ќе ги испорача оние кои се кријат на нејзина територија и директно го означи Никола Груевски како криминалец. Груевски, кој во 2018 година побегна од правдата и со години се криеше под заштита на Виктор Орбан.
Ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта беше безбедно засолниште за осудени корумпирани функционери. Правдата не познава рок на траење. Судските пресуди мора да се извршат.
Организирана криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски со години го бранеа и штитеа својот шеф Груевски. Сега дојде моментот правдата конечно да биде задоволена и Груевски да ја отслужи изречената казна во Македонија“, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.
Груевски избега од Македонија во ноември 2018 година. Преку Албанија, Црна Гора и Србија, и со користење на унгарски дипломатски пасаван, тој тогаш успеа да стигне до Будимпешта, каде подоцна му беше одобрен и азил. Оттогаш Груевски не се враќа во земјата, а најчесто преку Фејсбук испраќа политички пораки и тврди дека е жртва на политички монтирани процеси.
Имено, Маѓар беше прашан од новинарите за евентуална екстрадиција на двајца поранешни полски функционери кои Варшава ги бара со меѓународна потреница, а кои добија азил во Унгарија. Станува збор за поранешниoт министер за правда на Полска, Збигњев Жибро и неговиот ексзаменик на функцијата, Марцин Романовски. Одговарајќи на прашањето унгарскиот политичар, кој речиси со сигурност ќе биде нов премиер на Унгарија, по 16 години владеење на Виктор Орбан, иако прашан само за двајцата поранешни полски функционери, самиот се осврна на поранешниот македонски премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ја поздравува пораката на Маѓар за…
СДСМ ја поздравува пораката на унгарскиот премиер…
Демолиран штабот на СДСМ во Јегуновце на…
На најголемиот христијански празник – Велигден, во…
СДСМ: Јагнешкото е 700 денари, поскапеа и…
Соопштение за јавност на СДСМ Владата предводена…
СДСМ: Ацо Ристов е уште една алка…
Соопштение за јавност од СДСМ Со изборот…
ВМРО-ДПМНЕ: За да лапнат дел од градежниот…
Коалициските партнери СДС и ДУИ за криминални…