СДСМ: Јагнешкото е 700 денари, поскапеа и јајцата, Владата ги остави граѓаните без мерки и пред Велигден

t

Соопштение за јавност на СДСМ

Владата предводена од Христијан Мицкоски не презеде мерки за заштита на стандардот на граѓаните и ги остави граѓаните да се борат со скапотијата секој ден. Ниту пред Велигден владата на Мицкоски не презеде никакви мерки што е директен удар врз семејниот буџет.

Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снаоѓаат токму во период кога трошоците се најголеми – пред Велигден. Додека семејствата се борат да обезбедат основни производи, Владата најавува мерки „по празниците“, чека анализи и извештаи.

СДСМ со недели предупредуваше и нудеше конкретни решенија – намалување на цените на горивата и храната, но Владата одлучи да ги игнорира. Денеска, граѓаните ја плаќаат цената на таа неодговорност.

Реалноста на терен е поразителна. Велигденската трпеза е поскапа од кога било. Пазарите се полни, но торбите на граѓаните остануваат полупразни. Се купува минимално, „колку за проба“, а дел од граѓаните само разгледуваат без да можат да си дозволат.

Јагнешкото месо достигнува и до 700 денари за килограм, поскапеа јајцата и зејтинот, а цените на доматите надминуваат 200 денари за килограм. Поскапувањата се речиси кај сите производи, со најголем раст кај овошјето и зеленчукот.

Ова е резултат на задоцнети, недоволни и погрешни економски политики затоа што Мицкоски го штити бизнисот и профитот наместо стандардот на народот. Власта нема чувство за реалноста, ниту за потребите на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…