Објавено на:

Северна Кореја претстави сопствен ChatGPT, но политичките прашања се забранети

t

Северна Кореја претстави сопствен четбот со вештачка интелигенција, наречен „Извор на мудроста“**, кој, според фотографиите од неговиот интерфејс, многу наликува на ChatGPT. Но, за разлика од популарните четботови, корисниците добиваат строго предупредување дека смеат да поставуваат само прашања поврзани со науката и технологијата.

Системот бил претставен на Националната изложба на информатички достигнувања, а за него известиле и севернокорејските државни медиуми. Информацијата ја објави истражувачкиот центар „38 No th“, повикувајќи се на извештај на „Футуризм“.

На фотографиите од интерфејсот се гледа дека четботот има јасно наведени ограничувања за неговата употреба. Во предупредувањето, кое го превел „38 No th“, пишува дека не се дозволени прашања од општествено-политичка природа, ниту несоодветни прашања. Корисниците се предупредени и дека целосно ќе одговараат за последиците доколку системот го користат со злонамерни намери.

Строга контрола врз информациите

Северна Кореја е една од најизолираните земји во светот, со строга државна контрола врз протокот на информации. Медиумите се во државна сопственост и под цензура, а најголемиот дел од населението нема пристап до глобалниот интернет.

Наместо тоа, граѓаните користат „Квангмјонг“ – затворена национална интернет-мрежа, која е под државна контрола. Прекршувањето на законите за цензура може да донесе сериозни казни.

Иако системот е ограничен на научни и технолошки теми, предупредувањето за забранети политички прашања укажува на внимателниот пристап на властите кон можните одговори на вештачката интелигенција. Според анализата, режимот очигледно сака да избегне содржини што би можеле да бидат во спротивност со официјалните ставови.

Тешко е да се замисли дека четботот би можел да даде негативен одговор за лидерот Ким Џонг-ун без тоа да предизвика последици за корисникот, но и за инженерите што го развиле системот.

Вештачката интелигенција и во рацете на авторитарните режими

Истражувачкиот центар „38 No th“ посочува дека ова не е првпат Северна Кореја да користи вештачка интелигенција. Севернокорејските хакери веќе ја применуваат технологијата во кибер-криминални активности за кои се сомнева дека се поддржани од државата.

Постојат сомневања дека со помош на вештачка интелигенција бил извршен и напад врз криптоберзата „Бинанс“, кој би можел да се вброи меѓу најголемите кражби во историјата на криптовалутите.

Аналитичарите предупредуваат дека, со оглед на сè поголемата улога на вештачката интелигенција како алатка за пребарување информации, и други авторитарни држави би можеле да развиваат сопствени системи со строга контрола врз содржината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кореја донираше осум електрични возила за Министерството…

Министерството за здравство, со поддршка од Владата…

(Видео) Брука: Јаневска се извинува што не…

Министерката за образование, Весна Јаневска, продолжува со…

Мицкоски за „Ал Џезира“: Не е точно…

Не се согласувам со вашата констатација дека…

​​​​Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва  без ,,Северна“

На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав…

Името „северна“ Македонија го има пет пати…

Во поднесокот на имињата на новите министри…