Седум лица, меѓу кои и двајца малолетници се повредени во судир на три возила на излез од Прилеп
Седум лица, меѓу кои и двајца малолетници се повредени во судир на три возила што се случи вчера попладнето на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп
Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, каде им се укажува медицинска помош.
-На 21.06.2026 од 15:45 часот на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп се случи сообраќајна незгода. Учесници во незгодата се три возила со пет повредени лица кои се упатени во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп, наведуваат од МВР.
Несреќата се случила помеѓу возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(24) од с.Мусинци, општина Могила, „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 54-годишната В.М. од Битола и патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(51) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената која управувало со маздата, а повредени се и нејзините сопатници С.В.(37), Н.В.(40) и двајца малолетници, сите од с.Возарци, кавадаречко. Повредени се и другите двајца возачи.
Поради сообраќајката сообраќајот се одвиваше наизменично по една сообраќајна лента.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум лица, меѓу кои и двајца малолетници…
Седум лица, меѓу кои и двајца малолетници…
Милановиќ ја напаѓа ЕУ: Тие беа десна…
Претседателот Зоран Милановиќ, на одбележувањето на Денот…
Ребалансот на буџетот утре на владина седница,…
„Она што во овој момент можам да…
Само плата веќе не привлекува вработени –…
Во Словенија, некои работодавци сега се враќаат…
Уапсени 7 лица од вкупно 9 пријави…
На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија,…