Ребалансот на буџетот утре на владина седница, ќе има зголемување на буџетскиот дефицит – најави Димитриеска-Кочоска
„Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит нагоре и првпат ќе имаме зголемување на буџетски дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи, односно капиталните инвестиции. А, и во исто време имаме одредени корекции, на приходната страна, во делот на акцизата поради мерките што ги имавме во изминатиот период“, изјави денеска ресорната министерка одговарајќи на новинарско прашање.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска најави дека е планирано ребалансот на буџетот утре да се разгледува на владина седница, а од она што можеше да го сподели со медиумите, рече дека ќе има корекција на буџетскиот дефицит, односно негово зголемување.
Потребата од ваква корекција, како што наведе ресорната министерка, е поради зголемените потреби за финансирање на капиталните инвестиции.
„Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит нагоре и првпат ќе имаме зголемување на буџетски дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи, односно капиталните инвестиции. А, и во исто време имаме одредени корекции, на приходната страна, во делот на акцизата поради мерките кои ги имавме во изминатиот период“,изјави Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање.
Генерално, како што појасни министерката за финансии, станува збор за зголемување на капиталните расходи за инфраструктура.
„Имаме зголемени капитални расходи во делот на Министерството за животна средина, имаме околу одредени ИПА-проекти, имаме зголемување за АА-програмата, така што утре во детали ќе информираме точно која институција колку дополнителни средства има за капиталните расходи“рече Димитриеска-Кочоска.
Прашана колку чинеле мерките за намалување на ДДВ и акцизите што траеја во изминатиот период поради ситуацијата со горивата, министерката рече дека акцизата треба да се коригира за околу 1,5 милијарди денари. Но, како што додаде, во моментов е тешко да се направат прецизни пресметки затоа што, рече, има и индиректни ефекти.
„Нашите пресметки покажаа дека некаде една и пол милијарда денари треба да ја коригираме акцизата. Но, мора да бидеме внимателни, затоа велам тешко е да се направат проекциите. Не заборавајте, во изминатиот период ја имавме најниската цена на нафтата во регионот. Се сеќавате дека редици автомобили со странски таблици точеа бензин во Македонија, што значи дека и покрај тој позитивен ефект намалуваме 1,5 милијарда. Кога не би било купувањето од странските лица, сигурно негативниот ефект би бил поголем, односно тоа е она што Владата го даде како поддршка на граѓаните и стопанството“рече Димитриеска-Кочоска, која е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).
За подготовките за ребалансот на буџетот министерката за финансии информира на 11 мај, кога преку објава на социјалните мрежи сподели дека ги започнала состаноците со ресорните министри.
Прв на средба со Димитриеска-Кочоска тогаш беше министерот за здравство Азир Алиу.
Прекројување на државната каса за 2026 година, како што наведе тогаш Димитриеска-Кочоска, меѓу другото, во најголем дел се должи на последиците што по глобалната економија го имаат случувањата на Блискиот Исток.
Ребалансот, напиша тогаш министерката, ќе биде подготвен согласно среднорочната фискална рамка и стратегиските приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ребалансот на буџетот утре на владина седница,…
„Она што во овој момент можам да…
Само плата веќе не привлекува вработени –…
Во Словенија, некои работодавци сега се враќаат…
Уапсени 7 лица од вкупно 9 пријави…
На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија,…
Во среда пред пратениците интерпелацијата за министерот…
Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни…
Седум лица лишени од слобода во Скопје…
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници…