Објавено на:

Седум членки на ЕУ повикаа на брзо проширување на Унијата кон Западен Балкан

t

Словенија и шест други земји-членки на Европската унија повикаа на побрзо проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ велат дека сегашниот процес носи премалку конкретни резултати за жителите на Балканот, што е поттикнато од разочарувањето во ЕУ.

Во соопштението што го иницира Австрија, се нагласува дека процесот е пребавен и дека донесе премалку конкретни резултати за луѓето од Балканот, пренесе словенечката агенција СТА

Тие, исто така, предупредија на нестабилност во регионот поради украинската војна и тензиите во Косово.

Соопштението е објавено во рамките на средбата „Пријатели на Западен Балкан“.

Групата ја почна Австрија пред две децении, а денес има претставници од Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…