Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје

t

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор.
 Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот.

Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста. 

Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…

19 годишно момче загина во сообраќајка во…

Попладнево во скопската населба Радишани се случила…

10 години од поплавите во Скопје во…

Скопје денеска одбележува десет години од невремето…

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…