Села демантира дека би се приклучил кон владејачкото мнозинство: Нема да бидеме дел од трговијата со правата на Албанците

t

Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села, реагираше на политичките случувања во земјата, нагласувајќи дека партијата што ја води не се гледа себеси како дел од сегашната Влада.

„Албанската лига не се гледа себеси како дел од конгломерат од разни остатоци кои тргуваат со правата на Албанците во замена за моќ“, напиша Села во објава на социјалните мрежи.

Неговата реакција следува откако еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами објави дека се водат разговори за вклучување на Албанската лига на Зијадин Села во Владата. Касами негирал дека се водат разговори за тоа Села да стане дел од партијата ВЛЕН.

„Не верувам дека се водат разговори за вклучување во ВЛЕН, но дека се водат разговори за вклучување во Владата, се водат разговори, за Владата да може да се прошири. Во моментов, не сме во разговори со г-дин Села да биде дел од ВЛЕН. Што се однесува до тоа да биде дел од Владата, разговараме со сите оние кои ја прифаќаат владината програма и се подготвени да бидат дел од неа“, рекол, меѓу другото, денеска Касами, пренесуваат медиумите на албански јазик во Македонија.

Дискусиите за можен влез на Села во Владата беа поттикнати по неговата средба пред една недела со премиерот на Косово, Албин Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селата ќе останат празни, градовите пренаселени –…

Во ноември 2021 година се издадени 406…

(Видео) Урнебесно – Села честиташе Велигден за…

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,…

Ковачевски нema никаков легитимитет, вели Села

Зијадин Села нема да поднесе оставка од…