Села: Hиту Димитар Ковачевски, нитy Али Ахмети немaaт лeгитимитет за формирње нова Влада

t

Алијанса за Албанците во Скопје го одржа Централното собрание на кое беше презентиран извештајот за локалните избори подготвен од претходно формираната комисија, се презентираа и извештаите од ограноците.

На состанокот се потврди и донесената одлука за организирање на вториот Конгрес на партијата, којшто ќе се одржи на 27 март 2022 година. Села најави дека ќе остане лидер на партијата до Конгресот на партијата.

За оваа цел се формираше и комисија којашто ќе биде составена од актуелни пратеници, градоначалници, претседатели на Младинскиот форум на Алијанса за Албанците и од Унијата на жени, како и по три члена од овие два партиски органи.

Села истакна дека новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски ниту Али Ахмети немаат легитимитет за формирње нова Влада.

„Ковачевски не може да има никаков легитимитет, бидејќи токму Зоран Заев победи на изборите со ветувањата и програмите што ги даде. Легитимитет немаат ниту Али Ахмети и ДУИ кои изборите ги добија во 2020 година со едно ветување – ветување за премиер Албанец за четири години“ рече Села.

За време на говорот пред делегатите, претседателот Зиадин Села им се заблагодари на структурите и активистите за досегашниот ангажман и повика на понатамошна соработка во зајакнувањето и проширувањето на партијата и со нови кадри коишто се спремни и посветени за внесување промена во албанската политичка сцена во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ај што е незаконски назначен… Новиот директор…

Рециклиран кадар на СДСМ преку ЗНАМ на…

СДСМ: Го охрабруваме Тошковски да почне истраги…

Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и…

(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие…

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ,…

Тошковски го потврди имотот во зградата со…

Министерот Панче Тошковски, потврди дека има имот…

СДСМ: Мицкоски немаше проблем со колената кога…

Премиерот Христијан Мицкоски во интревју за Топ…