Сејф сити“ ќе ја покрие цела Македонија

t

Министри, директори и црковни лица – никој не бил поштеден од санкции за сторени сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, тврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој откри дека во минатото имало обиди за ургирање и интервенции во врска со сообраќајни прекршоци, но, како што посочи, тие престанале по негова реакција. Тошковски нагласи дека нема функционер кој не му потврдил дека добил казна и ја платил. Додаде дека во последната година и половина немало барања за интервенција во врска со конкретни сообраќајни прекршоци.

Тошковски најави и натамошно технолошко унапредување и проширување на системот „Безбеден град“. Предвидено е воведување мобилни камери за контрола на брзината, како и уреди инсталирани во полициските возила, кои ќе овозможат регистрирање сообраќајни прекршоци и во текот на нивното движење. Најавено е и проширување на системот во Битола, Штип и Струмица, а до крајот на идната година се очекува негово целосно имплементирање на територијата на државата.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи информираше дека системот „Безбеден град“ ја добил наградата Гран при во Дубаи, во конкуренција на повеќе од 60 држави, со 700 номинации во 13 категории. Од МВР оценуваат дека признанието е резултат на позитивните ефекти од воведувањето на системот, особено во однос на намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи со фатални последици.

Според податоците на Министерството, во изминатите 15 години во сообраќајни несреќи животот го загубиле 2.131 лице, односно во просек по 142 лица годишно. По воведувањето на системот „Безбеден град“, бројот на сообраќајни несреќи со трагичен исход е намален за 31,5 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сејф сити“ ќе ја покрие цела Македонија

Министри, директори и црковни лица – никој…

Кина собори економски рекорд: Трговскиот суфицит надмина…

Кинескиот трговски суфицит достигна 1,04 трилиони долари…

Американски воени авиони евакуирани од британска база…

Американското воено воздухопловство евакуирало авиони од воена…

Русија: Нема да се согласиме на примирје,…

Русија нема да се согласи на уште…

Рубио: Преговорите во Абу Даби се многу…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денешните трилатерални…