СЕЌАВАЊЕ НА БРАНИТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Во Прилеп вечерва почнува одбележувањето на нападот на конвојот кај Карпалак во 2001-ва
дници на АРМ. На 8 август кај месноста Карпалак 2001 година армискиот конвој беше нападнат од заседа и загинаа 10 прилепски резервисти.
Пред споменикот на загинатите бранители во кругот на касарната „Мирче Ацев“ семејствата на загинатите, претставници на Гарнизонот, од локалната самоуправа и граѓани ќе положат свежи цвеќиња и ќе биде посетена спомен собата во касарната.
Од 19 часот ќе биде посетен и спомникот на загинатите во селото Лениште кај Прилеп, а вечерна богослужба ќе се одржи во манастирот „Света Петка“ во селото.
Утре изутрина, на 8 август, делегации ќе се упатат на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, ќе бидат посетени вечните почивалишта на загинатите бранители на прилепските градски гробишта и во населените места. Во 10 часот ќе се одржи панихида во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила.

Централното одбележување е во 13 часот пред споменикот „Карпалак“ во центарот на градот.
На 8 август 2001 година кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО уште чека информација од Русија за…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…
Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…
Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…
ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…
Маск го поддржа Трамп во критиките кон…
Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…
Полските власти добиле информации за можен напад…
Полските власти добиле информации за можен напад…