Се бара одговopност: Горан Милевски самиот се предложил за министер, без одлука во ЛДП

t

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски самиот, без согласност и одлука на партијата се предложил за министер во Владата. Ваквиот потег на Милевски предизвика уште поголем револт во партијата каде од поодамна врие поради како што обвинуваат членовите ситуацијата во која Милевски си ги брка само сопствените интереси и на неговите блиски. Изборот на Милевски за министер само на негов предлог и со негова желба, покрена иницијатива внатре во партијата за негова одговорност.

-Со вчерашниот избор на Владата и изборот на Горан Милевски за член на Владата е прекршен Статутот на ЛДП. На последната седница на ЦО се зазема став водење преговори и барање до мандатарот Ковачевски за учество на ЛДП во Владата. Одлуката за учество и обезбедување на уште еден министерски мандат на Милевски се случи без претходно одржување на седница на ЦО и носење на одлука за учество во Владата. Согласно член 38 став 17 од Статутот на ЛДП: „ЦО утврдува листа на кандидати за членови на Владата на Република Македонија од редовите на ЛДП“.

Ги замолувам членовите на Надзорниот одбор да поведат соодветна постапка против претседателот Милевски за прекршување на статутот на партијата. Како што наша идеолошка заложба е дека никој не смее да биде над законите на државата, така и во партијата никој не смее да биде на статутот, ниту претседателот на партијата, а најмалку во момент кога е тој лично засегнат, стои во дописот на Филип Аврмачев, член на Централниот одбор испратен со органите на ЛДП.

-Не би сакал да ги коментирам внатрешните случувања во ЛДП. ЛДП е демократска партија и сите партиски проблеми ги решаваме внатре во партијата и би сакал тоа така и да продолжи, одговори Аврамчев на прашањето дали е тоа негов допис со кој бара постапка против Милевски.

А1он веќе пишуваше за незадоволството кон Милевски поради тоа што ги вработил сите блиски и фамилијата на државни функции.

Милевски од позицијата министер влијаел и успеал да ја вработи сопругата на Клиника а да добие и државна специјализација, баџанакот го назначил за директор на државната Лотарија, а членува и во Управниот одбор на Агенцијата за пошти додека неговата сопруга е вработена во Државниот испитен центар, братучедот го вработил во Државната видео лотарија, кумашинот во Идризово, а кумашинката си ја зел во неговиот кабинет во Министерството за локална самоуправа.

Извор: А1 ОН

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…