Се исплати да си другар со “лидерот”: Го платија ли со 32,8 милиони градоначалниците на Мицкоски бунтот во КХС и колку “чини” животот на скопјани?!

t

Сите “чесни” кадри во државава некако волшебно се вртат околу Христијан Мицкоски и во сите сплетки од некаде “никнува” тој и неговата “компанија”. “Ухлебени” во државни и градски претпријатија не одат на работа, имаат сопствени бизниси и добиваат тендери токму од општините предводени од градоначалниците на Мицкоски, за потоа, ако некој им застане на патот, организираат бунтови и да си играат со здравјето на стотици илјади граѓани.

Кој го плати неодамнешниот бунт во јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје и дали здравјето на скопјани беше жртвувано за 32,8 милиони денари ќе дознаете од текстот во продолжение.

Во изминатиот период Инфомакс објави ексклузивни информации најпрво за 390 милиони денари тендери со кои “вмровските” градоначалници од десетина општини “го частеле” Енерџи Деливери Солушнс на Кочо Анѓушев. Една третина од општините со кои раководи ВМРО на Мицкоски , односно дури 16 општини со вмровски градоначалници склучиле договор и со компанијата „Пуцко Петрол“ за набавка на горива. Градоначалниците на Мицкоски на Јахоски му доделиле тендери во висина од над 615 илјади евра или поточно 37.598.044 милиони денари. Компаниите ЕЛТРА и ЕНЕРГОМОНТ во периодот од 17.10.2021 до 11.07.2023 година од општините добиле дури 117.840.256 денари, во едната од нив Мицкоски има удел од седум проценти, а директорот на штаб на ДПМНЕ добил 18,5 милиони за две години, секако повторно од истите општини под “владение” на градоначалниците на Мицкоски.

Денеска објаснуваме како господинот “Бозо” за кој во јавноста се шпекулира дека е сопственик на компанијата “РЕКА ИНТРЕНАЦИОНАЛ“, кој до неодамна бил вработен во јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, добивал тендери од општините предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Накратко “Бозо” бил “на градска дојка”, вработен во ЈП Комунална хигиена Скопје од каде редовно земал плата, но не одел на работа и како што “се зборува низ градот” си имал сопствен бизнис кој функционира благодарение на “широкоградноста” на градоначалниците на Мицкоски.

А и како да не му дадат тендер кога човекот е фотографиран рамо до рамо со лидерот?!

Во продолжение општините кои практично го платија загадувањето на Скопје и бунтот во КХС.

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА:

Договор за Зимско одржување на улици и патишта на територијата на Општина Гази Баба за период од 2 години, склучен на ден 24.11.2022 во вредност од 14.000.000,26ден. Потпишан од Бобан Стефковски.

Вкупно од Гази Баба 14.000.000,26ден

ОПШТИНА АЕРОДРОМ:

Договор за Санација на ударни дупки, прекопи, деформации на улици и тротоари на територија на Општина Аеродром, склучен на ден 02.05.2023 во вредност од 6.726.000,00ден. Потпишан од Тимчо Муцунски.

Договор за Зимско одржување на улици, паркинзи и јавни пешачки површини на територија на ОА склучен на ден 08.11.2022 во вредност од 3.186.000,00ден. Потпишан од Тимчо Муцунски.

Договорза чистење на отпад (диви депонии и др.отпад) на територија на Општина Аеродром склучен на ден 15.11.2021 во вредност од 3.481.000,00ден. Потпишан од Тимчо Муцунски.

Договор за Санација на ударни дупки, прекопи, деформации на улици и тротоари на територија на Општина Аеродром склучен на ден 29.04.2022 во вредност од 5.487.000,00ден. Потпишан од

Вкупно од Аеродром: 18.880.000 денари.

“Математички прецизно”, доколку ги поделиме 32.880.000 (триесет и два милиони осумстотини и осумдесет илјади денари) на минималната плата која во Македонија е нешто над 20.000 денари, добиваме 1.644 плати. Поделено на 12 месеци, тоа значи дека на обичен човек му требаат ТОЧНО 137 ГОДИНИ за да заработи колку што другарот на Мицкоски добил од неговите градоначалници за две години!

Сега се поставува прашањето: Дали градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, преку пријателот на Мицкоски, “Бозо“, со 32.880.000 денари го платија бунтот во јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје. Се сеќавате дека на социјалните мрежи беа споделувани фотографии од градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, заедно со семејството Дардишта кои беа организатори на блокадата на јавното претпријатие.

Токму Костовски е сликан со поранешниот претседател на синдикатот во Комунална Хигиена Скопје, Дели Дардишта, кој стоеше позади блокадите на ова претпријатие. Фамилијата Дардишта е позната за јавноста по заканите за војна на функционерката од ДУИ, Шкодране Дардишта, против која Левица поднесе кривична пријава.

И претходно споменатиот бизнисмен “Бозо” бил дел од екипата во КХС која не одела на работа, а земала плата. Истиот повеќе не е вработен во претпријатието и е дел од групата на која им прекина работниот однос, или мораа за промена да почнат да работат, па решија да се бунтуваат и да ризикуваат да предизвикаат епидемија на заразни болести во Скопје.

Дардишта го организираше, градоначалниците на Мицкоски го помогнаа бунтот, здравјето на скопјани беше ставено во опасност, два дена граѓаните беа во заложништво на една добро организирана банда која откако создаде проблем, побрза “да го реши” истиот. Токму Муцунски кој му подарил на “Бозо” речиси 19 милиони денари, глумеше загриженост за несоберениот отпад низ градот кој очигледно самиот го блокирал заедно со неговите колеги.

Додека градоначалниците прават сплетки и се мислат како да ги исцедат општинските буџети, граѓаните се и ограбени и оставени на милост и немилост на ваквите банди кои своите пипци ги пуштиле до секоја пора на општеството.

Вие работете, ако имате среќа за цел живот ќе заработите колку што ликовите сликани со Мицкоски за две години добиле од неговите “чесни” градоначалници. А и “кој ви е крив” што не знаете да организирате бунтови по потреба на лидерот?

За крај, останува прашањето: Дали здравјето на скопјани вреди 32,8 милиони денари?

Пишуваат: Александар Митовски, Александра Петровска

Во продолжение линкови од претходните текстови во серијалот.

Неверојатни 390 милиони денари народни пари испумпани за една година од општините на ВМРО-ДПМНЕ во фирмата на Кочо Анѓушев

(Документи) Како Мицкоски го позлати Пуцко Петрол: Mилиони во тендери од „вмровските“ општини за шеикот од Пласница

Преку два милиони евра општински пари легнале на сметката на фирма во која Мицкоски имал удел

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПРЕГАЗЕНО Е ДЕВОЈЧЕ: Детали од сообраќајката вечерва…

 Малолетно девојче е удрено вечерва од возило…

Поради снег откажани десетици летови од Амстердам

Десетици летови од аеродромот Схипхол во Амстердам…

Русија ја презема контролата над големиот аеродром…

Претседателскиот декрет ги префрли акциите на Аеродромот…

Детали за сообраќајната несреќа во Аеродром: За…

Нема повредени во сообраќајната несреќа која се…

(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром: Возило…

Тешка сообраќајка се случи вечерва на улицата…