Се огласи Пендаровски: Русија да ги прекине воените дејствија во Украина

t

Ставот на претседателот Стево Пендаровски по повод инвазијата на Украина од страна на Русија го пренесуваме интегрално:

„Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа.

Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина.

Во име на граѓаните на Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња.“

Претседателот Стево Пендаровски за денеска (24 февруари 2022 година) свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.

Седницата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот со почеток во 14:00 часот.

Соопштение за заклучоците на Советот за безбедност, како и фото и видео инсерти од седницата ќе бидат дистрибуирани од страна на Кабинетот на претседателот по завршувањето на седницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски се сретна со Зеленски во Лондон:…

Премиерот Мицкоски во Лондон се сретна со…

(Фото) Ова е хеликоптерот што Србија ни…

Припадниците на хеликоптерската единица и Министерството за…

Венс: Ако победи Трамп ќе преговара со…

Доколку Доналд Трамп победи на изборите, ќе…

Кремљ ги засили мерките за безбедност на…

Безбедноста на претседателот на Русија, Владимир Путин,…

Орбан го претставува планот за решавање на…

Мировниот план на унгарскиот премиер Виктор Орбан…