Објавено на:

Се огласи српскиот амбасадор во Австрија: Во секој момент се чека идентификација на девојчето од видеото

t

Не можеме да располагаме со информациите, со нив располага Министерството за внатрешни работи, и српско и австриско, и ние сме во постојан контакт со нив – и во Србија и овде со цел да се овозможи секој со нови информации да ги достави до властите, посочи aмбасадорот на Србија во Австрија, Марко Благојевиќ.

Тој изјави дека се очекува идентификација на детето од видеото снимено во Виена, за да се утврди дали се работи за двегодишното девојче Данка Илиќ од Бор, по кое се трага од 26 март.

Тој во изјава за Танјуг рече дека Амбасадата на Србија во Виена е во постојан контакт со австриската полиција, како и дека српскиот народ што живее таму е информиран за исчезнувањето на девојчето.

Тој потсетува дека српската амбасада во Виена апелираше до сите што живеат во Австрија да пријават во полиција доколку имаат информации за исчезнатото девојче.

– Речиси и да нема некој наш сонародник овде кој не е запознаен со тој случај, а она што го очекуваме е идентификација на лицето од видеото што е направено во Виена за да можеме да утврдиме дали се работи за Данка Илиќ по која се трага. Австриската полиција постојано трага, а областа каде што е снимено видеото е добро покриена со камери бидејќи е центарот на Виена и таму се спроведуваат антитерористички мерки – објасни Благојевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија е можно да има референдум…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…

(Видео) Средба Тошковски-Вучевиќ: Србија е сосед кој…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска…

(Видео) Дачиќ за Инфомакс: Очекуваме Македонија да…

Србија очекува Македонија да го екстрадира поранешниот…

Просечната плата во Србија достигна историски 100.000…

Министерот за финансии во Владата на Србија…

Тројцата инженери од Македонија уапсени под обвинение…

Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска…