Објавено на:

Се огласи таткото на исчезнатата Данка: „Злато татино, тато ќе те најде, свету мој мал“

t

На социјалната мрежа Фејсбук се огласи Милош Илиќ, таткото на малата Данка која исчезна вчера околу 13.45 часот во Бањско поле кај Бор.

– Злато татино, тато ќе те најде. Свету мој мал – напиша тој на Фејсбук.

Во потрагата по девојчето се вклучени сите дежурни служби на МВР, а системот „Најди ме“ е активиран за прв пат откако е пуштен во Србија. Обемната потрага продолжи и денеска бидејќи од девојчето нема трага.

Исчезнала кога нејзината мајка отишла да му донесе вода на постарото дете.

– Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше – раскажала за Телеграф преплашената мајка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија е можно да има референдум…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…

(Видео) Средба Тошковски-Вучевиќ: Србија е сосед кој…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска…

(Видео) Дачиќ за Инфомакс: Очекуваме Македонија да…

Србија очекува Македонија да го екстрадира поранешниот…

Просечната плата во Србија достигна историски 100.000…

Министерот за финансии во Владата на Србија…