Се отвори најстарото училиште: Јордан Х.К. Џинот во црквата „Свети Ѓорѓија“ за првпат предавал на македонски, а учениците над олтарот ги играле неговите драми

t

Најстарото училиште во Македонија во кое Јордан Хаџи Константинов-Џинот ги удрил темелите на преродбеништвото и предавал на македонски народен јазик се отвори денес на големиот празник „Свети Ѓорѓија“ во Велес.

Во велешкото маало Прцорек од левата страна на градот се наоѓа малата православна црква „Свети Ѓорѓија“ која е прогласена за културно наследство на Македонија поради нејзиното значење за народната просвета и поради тоа што во неа било сместено училишето на Џинот.

Ако тргнете од меѓуградската автобуска станица во Велес која се наоѓа крај Вардар, во правец кон уличката која води кон црквата, нема да ја најдете лесно без да прашате некој од велешаните кои живеат во близина, затоа што таа од надвор изгледа како и сите други куќи во маалото, но внатре има олтар, иконостас и повеќе икони и фрески.

Црквата сега и припаѓа на Повардарската епархија на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

– Нема точни податоци за време на нејзината изградба, но се претпоставува дека е изградена во средината на 18-от век. Некаде помеѓу 1740 и 1766 година. До 1913 година црквата била имот на Рилскиот манастир од Бугарија по што била запоставена. Црквата изгледа како обична куќа или е камуфлирана однадвор како куќа бидејќи верниците ја криеле од Османлиите кои во тоа време ги уривале сите христијански храмови и на истото место граделе џамии. Храмот се отвора за јавноста двапати во годината за Ѓурѓовден на пролет и за Свети Ѓорѓија на зима, односно тогаш држиме богослужба за верниците кои доаѓаат во голем број – објаснија свештениците од Повардарската епархија пред да почне богослужбата.

Малкумина верници и граѓани знаат за фактот дека во далечната 1857 година внатре во оваа мала црква било формирано првото училипште во земјата во кое се учело на македонски јазик и на македонско писмо благодарение на упорниот Јордан Хаџи Константинов – Џинот.

Според историските архиви во Велес, машките ученици учеле на приземјето каде што верниците се молат и палат свеќи, а на горниот кат биле женските ученици. Џинот тука ги одржувал и претставите од неговите први драмски дела.

– Над оваа просторија имало мала училница која се наоѓа во подкровјето на куќата. Џинот се соочувал со притисоци поради тоа што водел настава на народен македонски јазик. Вовел нови наставни методи кои им помогнале на учениците да бидат подготвени да работат во занаетчиството и во трговијата. Грчката патријаршија реагирала кај турските власти откако велешките чорбаџии го пријавиле кај тогашниот владика – додаваат од црквата.

Џинот бил наклеветен од богатите велешани и грчкиот владика дека е антидржавник кој работи како руски шпион и турските власти неколкупати го протерале од Велес. При последниот прогон во градот Ајдин во мала Азија, на патот доттаму го загубил десното око од физичкото злоставување.

Џинот напишал шест оригинални драмски сцени и е првиот драмски писател во Македонија, па театарските почетоци се поврзани со неговото име. Во ова училиште, според запишаните сведоштва на неговите ученици, тие на првиот кат од куќата ја одиграле неговата драматизација на народната приказна „Мечката и селаните“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден е починат маж кај гостиварското село…

МВР информира дека синоќа околу 22.55 часот…

Полицаец фатен со дрога во Охрид, пружал…

На 29.03.2024 вработени во Одделот за внатрешна…

Израел во состојба на висока готовност: Повикани…

Израелскиот јавен радиодифузер КАН во средата објави…

Приведени утре три лица за терористичкиот напад…

Безбедносните сили привеле во Москва, Екатеринбург и…

ЕДЕН ОД УБИЈЦИТЕ НА ДАНКА УЧЕСТВУВАЛ ВО…

Еден од осомничените за убиството на Данка…