Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија е втора во регионот по издвојување на средства за одбрана

t

Македонија е втора земја во регионот според издвоениот буџет за одбрана, покажува извештајот на Balkan Defense Monitor 2024, каде Србија е водечка земја во регионот во однос на трошоците за одбрана, кои изнесуваа 2 проценти од нејзиниот бруто општествен производ (БДП) во 2023 година, а по неа следуваат Македонија со 1,7 отсто и Албанија со 1,6 отсто.

Се очекува Србија наското да ја загуби првата позиција во регионот, бидејќи според прогнозите Македонија и Албанија како членки на НАТО ќе ја достигнат сумата од 2 отсто од БДП за одбрана.

Ова е трето издание на Balkans Defense Monitor, што Белградскиот центар за безбедносна политика (BCSP) го објавува од 2022 година. Ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Македонија и Србија.

Хрватска, исто така членка на НАТО, во последните три години на одбрана трошеше 1,5 проценти од својот БДП, а далеку зад неа се членката на Алијансата од 2017 година, Црна Гора, со 1 отсто, и БиХ, која му се приклучи на Акцискиот план за членство во 2010 година, со 0,7 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И во Бугарија како кај нас: Претставничката…

Бугарскиот премиер Димитар Главчев испрати писмо до…

Општина Крива Паланка прва на Балканот со…

Општина Крива Паланка е прва општина на…

Ужас во Србија: Сам се пријавил дека…

Извесен Д.Д.(53) од Земун денеска без претходна…

Мицотакис: Македонија и Албанија можат само да…

Северна Македонија, како и Албанија, може само…

УЖАС во соседна Србија: Мајка со нож…

Шестгодишно девојче од Ниш, итно е пренесено…