Се скарале па вперил пиштол кон луѓе во тетовско, во одделен случај одземено оружје, пукале пијани лица
На 29.08.2026 во 16:55 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.С.(69) од с.Желено, тетовско, по претходно пријава од М.Д. (29) од с.Желино, тетовско, дека во селото, додека бил со неговите другари А.Б., И.Р., Р.Х., и Р.Џ., сите од с.Желино, Р.Ш. со кого претходно имал недоразбирања, дошол до нив држејќи остар предмет во рака, а потоа извадил и репетирал огнено оружје и го вперил кон пријавителот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 29.08.2026 во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.Д.(57) од с. Жилче, тетовско, по пријава за пукање со огнено оружје. При преземените мерки, во дворот на викенд-куќа биле затекнати четири лица, а кај К.Д. биле пронајдени два пиштоли и поголема количина куршуми. Во дворот биле констатирани и траги од истрели. При извршени проверки, кај К.Д. биле измерени 1,63 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со 2,78 промили алкохол во крвта бил…
На 03.10.2026 во 01:00 часот полициски службеници…
Пронајдени починати двајца мажи во Скопје, еден…
На 02.10.2026 во 05:30 часот во СВР…
Претреси низ Скопје и Тетово, приведени се…
Вкупно 19 луѓе биле приведени во текот…
Возрасни мажи се карале, па едниот го…
На 02.10.2026 во 10:30 часот во ПО…
Битолчанец нападнат од неговата партнерка, го удрила…
На 02.10.2026 во 16:55 часот во ПО…