Објавено на:

Се судрија автомобил и автобус, повредени двајцата возачи

t

На 11.07.2025 во 05:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„8-ми Септември“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.Ј.(59) од Скопје и автобус „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.Б.(66) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д.Ј, а со телесни повреди се здобил возачот на автобусот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19 годишно момче загина во сообраќајка во…

Попладнево во скопската населба Радишани се случила…

Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…

Четиригодишно дете од Скопје прегазено во Гостивар,…

Четиригодишно дете од Скопје било прегазено од…

Прегазен 44 годишен скопјанец, во него удри…

МВР информира дека синоќа околу 22:30 часот…