Се тресе столчето на Пиоли, мечот против Њукасл може да биде клучен за него!

t

Поразот од Аталанта во Бергамо го зголеми притисокот врз тренерот на Милан, Стефано Пиоли, италијанските медиуми тврдат дека мечот против Њукасл може да биде решавачки за неговата иднина.

По 16 одиграни кола во Серија А, Милан е на третото место со дури девет бода заостанување зад лидерот Интер. Росонерите се во незавидна ситуација и во Лигата на шампионите и можат да бидат елиминирани од Европа доколку не го победат Њукасл на Сент Џејмс Парк.

Клубот имаше сериозни инвестиции во летниот преоден рок, но резултатите не се онакви какви што посакуваат, па почнаа гласини за тренерска смена.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Пиоли би можел да биде отпуштен доколку Милан загуби од Њукасл во Лигата на шампионите.

Се шпекулира дека Златан Ибрахимовиќ би можел да има важна улога доколку биде отпуштен Пиоли. Швеѓанецот би требало заедно со тренерот на младинците, Игнасио Абате да го води тимот до крајот на сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…