СЕ ЧЕШЛА ФИНАНСИСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА ОПШТИНА ГОСТИВАР: Под лупа тендерите за набавка на хлор во ЈП КОМУНАЛЕЦ !
Меѓу документите што се анализираат се финансиската документација од Општина Гостивар, тендерите за набавка на хлор распишани пред јавноста да биде информирана за епидемијата, наредбите и комуникацијата меѓу Општината и ЈП „Комуналец“, како и извештаите на Центарот за јавно здравје – Тетово, особено оние од 29 јуни и 13 јули.
Според истите извори, дел од документацијата веќе е доставена и се испитува, додека за останатиот дел сè уште се чека. Во рамки на постапката ќе биде извршено и финансиско вештачење, а документите од Општината ќе се споредуваат со оние од ЈП „Комуналец“, ЦЈЗ – Тетово и извештаите испратени до Институтот за јавно здравје.
„Издадени се наредби за прибирање обемна документација од Општина Гостивар, ЈП ‘Комуналец’, гостиварската болница ‘Д-р Ферид Мурад’ и ЦЈЗ – Тетово. Дел од истрагата е насочен кон финансиските извештаи и тендерите, а друг дел кон наредбите и одлуките за поставување на водните пумпи, кои исто така се предмет на вештачење“, наведува извор од истрагата за ТВ24.
Во меѓувреме, резултатите од деветте анализирани примероци од вода пристигнале во Обвинителството, при што само еден примерок – од една чешма – бил исправен.
Министерот за здравство Сашо Клековски во интервју за ТВ24 изјави дека ќе се испитува и дали имало обид случајот да биде прикриен.
Паралелно со оваа истрага се води и друга, поврзана со смртта на вработен во гостиварскиот водовод, кој загинал во канал десет дена пред спорните пумпи да бидат пуштени во употреба. Се очекува официјалниот обдукциски наод, иако според Обвинителството првичната причина за смртта е срцев удар.
Досега осомничени се три лица – Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, сите на раководни позиции во ЈП „Комуналец“, на кои им е определен 30-дневен притвор. Од Основното јавно обвинителство Гостивар посочуваат дека истрагата може да биде проширена и на други лица доколку се обезбедат дополнителни докази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕ ЧЕШЛА ФИНАНСИСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА ОПШТИНА ГОСТИВАР:…
Меѓу документите што се анализираат се финансиската…
Србинот кој речиси излета од прозор на…
Патникот на летот на „Рајанер“ кој речиси…
Инфантино ги нападна критичарите: Тие шират омраза…
Џани Инфантино првпат опширно проговори по завршувањето…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Граѓаните на Скопје пијат потполно технички и…
Русија тврди: Европа се подготвува за нова…
Европските земји почнале да развиваат сопствени механизми…