Русија тврди: Европа се подготвува за нова нуклеарна стратегија
Европските земји почнале да развиваат сопствени механизми за нуклеарно одвраќање бидејќи сè повеќе се сомневаат во сигурноста на американскиот „нуклеарен чадор“, изјави постојаниот претставник на Русија при Обединетите нации во Женева, Генадиј Гатилов.
Во интервју за руската агенција РИА Новости, Гатилов оцени дека овие активности веќе не се само политички идеи, туку добиваат и практична форма. Како пример ја посочи Франција, која, според него, започнала конкретна нуклеарна соработка со Германија и Полска.
Тој наведе дека минатата недела биле одржани заеднички француско-германски вежби за воздушно дополнување со гориво на борбени авиони способни да носат нуклеарно оружје, оценувајќи дека тоа е само почеток на поширока соработка.
Според Гатилов, во Германија се води јавна дебата за можноста земјата да располага со сопствен нуклеарен арсенал, додека и во Полска има политички гласови што не ја исклучуваат таквата опција. Тој додаде дека Финска, Естонија и Литванија настојуваат да ги зајакнат врските со НАТО и да создадат услови за евентуално распоредување нуклеарно оружје на нивна територија.
Во март годинава, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција влегува во фаза на „напредно нуклеарно одвраќање“, најавувајќи зголемување на бројот на нуклеарни боеви глави и можност европските сојузници да учествуваат во заеднички вежби. Според Макрон, во оваа иницијатива би можеле да бидат вклучени Велика Британија, Германија, Полска, Холандија, Белгија, Грција, Шведска и Данска.
Москва и натаму изразува загриженост поради зголеменото присуство на НАТО во близина на руските граници, додека Алијансата своите активности ги објаснува како мерки за одвраќање на евентуална руска агресија. Кремљ повторува дека Русија не претставува закана за никого, но нема да ги игнорира потезите што ги смета за опасни за својата безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тврди: Европа се подготвува за нова…
Европските земји почнале да развиваат сопствени механизми…
Србинот кој речиси излета од прозор на…
Патникот на летот на „Рајанер“ кој речиси…
Трамп со нови бизарни слики направени со…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, продолжи да му…
Паднаа цените на нафтата по неформалното примирје…
Цените на нафтата паднаа во раното тргување…
Инцидент на протестот за поддршка на студентите…
На протестот за поддршка на студентите во…