СЗО: До крајот на годината нема да ја оствариме целта од 40 отсто вакцинирани

Светската здравствена организација (СЗО) нема да ја исполни својата цел до крајот на годината во секоја земја да бидат вакцинирани 40 отсто од населението, а особено се сериозни недостатоците во Африка, за што голем дел од вината им се препишува на богатите земји кои создаваат залихи од вакцините против ковид-19.
Од 194 земји-членки на СЗО, приближно половина нема да ја исполнат целта. Ниту десет отсто од населението не е вакцинирано во околу 40 земји. СЗО голем дел од вината препишува на залихите на вакцини, особено меѓу неколку богати западни земји кои веќе спроведуваат дополнителни вакцинации.
Досега се употребени повеќе од 8,6 милијарди дози вакцини во светот, но најмногу во побогатите земји кои можат да си обезбедат свои договори со производителите на вакцини. Десетици земји зависат од залихите на „Ковакс“ – програмата за дистрибуција на вакцини поддржана од ОН, дизајнирана да доставува вакцини во посиромашните земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на кинеската дипломатија во посета на…
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји…
ЕГЗОДУС ВО ТЕТОВО! 173 ученици се отпишале…
Катастрофални и поразителни податоци пристигнуваат од Општина…
Расте бројот на милионери во светот
Во својот последен годишен извештај, швајцарската банка УБС открива…
СЗО предлага поскапување на цигарите: Кутија ќе…
Според ставот на Светската здравствена организација, цената…
“Жените немаат вредност ако го откријат лицето…
Портпаролот на талибанското Министерство за ширење доблест…