СЗО загрижена: Голем пораст на новозаразени од Ковид-19

t

Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради порастот на случаите на коронавирус во неколку земји пред претстојната зима, јави ДПА.

За жал, не сите земји пријавуваа случаи, но меѓу оние што ја информираа СЗО, се зголемија приемите во болниците и третманот за Ковид-19 во единиците за интензивна нега, изјави денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој рече дека процентот на вакцинирани луѓе во групите со висок ризик е загрижувачки низок во Америка и Европа.

-Ковид-19 можеби не е толку акутна криза како што беше пред две години, но тоа не значи дека можеме да ја игнорираме болеста, нагласи Тедрос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на…

Светската здравствена организација (СЗО) во средата објави…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

СЗО предупредува: Овој вирус е страшен

Ширењето на птичјиот грип во Соединетите американски…