Објавено на:

СЗО објави план за Ковид-19 со три можни сценарија

t

Светската здравствена организација (СЗО) објави ажуриран план за Ковид-19, во кој се наведени три можни сценарија за пандемијата до крајот на оваа година.

Директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, смета дека е најверојатно дека сериозноста на болеста ќе се намалува со текот на времето.

„Врз основа на она што сега го знаеме, најверојатното сценарио е вирусот што предизвикува „Ковид-19“ да продолжи да се развива, но сериозноста на болеста што ја предизвикува ќе се намалува со текот на времето поради зголемувањето на имунитетот од вакцинација и заболување“ рече Гебрејесус.

Ажурираниот План за стратешка подготвеност и одговор ги прикажува стратешките прилагодувања што секоја земја треба да ги направи за да го спречи ширењето на коронавирусот, да го намали влијанието на коронавирусот и да стави крај на глобалната вонредна состојба.

Сепак, шефот на СЗО предупреди дека повремено зголемување на бројот на случаи и смртни случаи може да се случи кога имунитетот паѓа, што би можело да бара периодични засилувања за ранливите популации.

Зборувајќи за второто и третото сценарио, Тедрос рече дека или ќе се појават помалку сериозни варијанти, па нема да бидат потребни бустери и нова вакцина или ќе се појави повирулентна варијанта, па заштитата од претходна вакцинација или инфекција нема да биде доволна.

Ова е трет план за стратешка подготовка, подготвеност и одговор на СЗО, а Тедрос верува дека ќе биде последен.

Првиот план беше објавен во февруари 2020 година на самиот почеток на пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Шупаци корумпирани! Наместо да му ги…

Денешниот постигнат договор значи дека ЕСМ има…

Вејсели: ДУИ ќе се распадне на три-четири…

Поранешниот пратеник и поранешен лидер на ПДП,…

Путин планира нуклеарен тест во близина на…

Се стравува дека рускиот претседател Владимир Путин…

“Голема акција” на МВР: Пронајдени три запрежни…

На 03.10.2022 полициски службеници од Одделението за…

„Се отвора втор фронт“ против Русија: Молдавија…

Според нивните зборови, менторите му наложиле на…