СЗО предупредува: Омикрон е како цунами, за 71 отсто покачен бројот на заразени од ковид

Светската здравствена организација соопшти дека минатата недела се забележани рекордни 9,5 милиони случаи на ковид-19 ширум светот, со напомена дека зголемувањето на неделниот број на инфекции од 71 отсто се должи на цунамито предизвикано од сојот омикрон.
„Минатата недела се пријавени најголем број случаи на зараза со ковид-19 од почетокот на пандемијата“, изјави генералниот директор на СЗО, Теодрос Гебресијус.
Тој вели дека СЗО е сигурна дека бројот на новозаразени е поголем бидејќи за време на празниците е намален обемот на направени тестирања.
Светската здравствена организација во својот неделен извештај за пандемијата посочува дека биле пријавени и 41 илјада смртни случаи како последица од коронавирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Портпаролот на Бајден одбива да одговори…
На социјалните мрежи е објавена снимка од…
Американците повторно ќе мораат да носат маски…
Во САД, со почетокот на школската година…
СЗО предлага поскапување на цигарите: Кутија ќе…
Според ставот на Светската здравствена организација, цената…
СЗО: Околу 36 милиони Европејци страдаат од…
Скоро 36 милиони луѓе во европскиот регион,…
Кина го лажирала бројот на починати од…
Кина го намалила бројот на кремирања минатата…