СЗО предупредува: Секој втор Европеец ќе има омикрон

t

Растечкиот бран“ на инфекција со сојот омикрон низ Европа ризикува да ги поплави здравствените системи на многу европски земји, објави Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека повеќе од половина од населението на континентот ќе биде погодено од оваа варијанта во следните два месеци.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека Европа забележала повеќе од седум милиони нови случаи во првата недела од 2022 година, двојно повеќе од бројката евидентирана пред две недели порано, со повеќе од 1 процент од населението заразено со коронавирус секоја недела во 26 земји.

Клуге рече дека варијантата омикрон сега е пријавена во 50 од 53 земји во Европа и станува доминантна во Западна Европа.

„Со оваа стапка, повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со омикрон во следните шест до осум недели“, рече то додавајќи дека- стапката на пренос на вирусот е без преседан.

Неговото влијание би било посмртоносно таму каде што стапките на вакцинација се пониски, како што се Централна и Источна Европа, смета Клуге, стравувајќи од исходот на движењето на Омикрон кон исток.

„Треба да го видиме неговото целосно влијание во земјите каде што „Нивоа на прифаќање на вакцинацијата се пониски, а каде ќе видиме посериозна болест кај невакцинираните“, пренесува Гардијан.

Во Данска, рече тој, каде што случаите на Омикрон „експлодираа во последниве недели“, стапката на хоспитализација за невакцинирани пациенти за време на Божиќната недела беше шест пати повисока отколку кај оние кои беа целосно вакцинирани.

Додека вакцините обезбедија „добра заштита“ од сериозни болести и смрт, зголемениот број на приеми во болница е „предизвик за здравствените системи и испораката на услуги во многу земји и се заканува да го колабира здравствениот ситем “, рече тој.

Клуге рече дека земјите кои не се погодени од подемот на Омикрон имаат „способност веднаш да реагираат“ со заштита на своите ранливи граѓани, како и да направат се што е во нивна моќ за да обезбедат здравствените работници и другите клучни работници да можат да одржуваат услуги.

Владите во овие земји треба да воведат носење маски во затворени простории и да обезбедат целосна вакцинација што е можно поскоро, особено во здравствениот сектор и основните услуги, рече тој.

По потезите на неколку европски влади да го скратат периодот на изолација и карантин за да се спречи застојот на економијата, Клуге рече дека таквите одлуки треба да се носат „само кога е неопходно за да се зачува критичкиот континуитет на услугите“.

Покрткото време на изолација и карантин, исто така, треба да бидат условено со негативни тестови, рече тој, додавајќи дека генерално сите такви одлуки „мора да се донесат со внимателно мерење на ризиците и придобивките “.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карантин во цела Кина! Огромен број на…

Поради зголемувањето на бројот на заболени од…

Го прогласуваме за умрено: Пад од 90%…

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло…

Осум починати од Ковид-19 минатата недела

Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци…

Кај нас е “умрено” ама во Кина…

Кина вчера го пријави својот најголем број…

Добра вест: Нема починати од Ковид-19 во…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…