Објавено на:

Силен пороен дожд рано утринава ја зафати скопската котлина – можна е појава на суградица

t

ЦУК информира дека, според радарската слика од УХМР, во раните утрински часови територијата на Скопската котлина е зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица. поинтензивни врнежи има во подножјето на Скопска Црна Гора. Нестабилната облачна маса се движи кон Кумановскиот регион којшто ќе биде зафатен со пороен дожд и грмежи.

Според радарската слика, Кумановската котлина е зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и град, а во моментот нестабилна воздушна маса се движи кон градовите Берово и Пехчево. Се очекува дека Берово и Пехчево ќе бидат зафатени со нестабилна облачна маса проследена со силен пороен дожд, грмежи и град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 12 часа делови од Скопје…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје,…

Три каснувања од кучиња скитници во Скопје…

Три каснувања од кучиња скитници се пријавени…

(Фото) Четири часа чекале за да тргне…

Пожар кој ја зафати пругата меѓу Гострижани…

За една година цените на становите во…

Цените на становите во Скопје во вториот…

Невремето прави хаос – падна дрво пред…

Големото невреме и град кои вечерва го…