Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното во Скопје
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на прес-конференција треба да ја соопшти цената на парното. Од РКЕ за МИА велат дека претходно се очекува да биде одржана седницата на која ќе се донесе одлуката.
РКЕ потврди и дека најголем дел од компаниите побарале зголемување на цената до 50 отсто, додека дел од нив се и со барање за намалување, како ЕСМ производство и ЕСМ Енергетика.
-Клучно е да се напомене дека просечната цена на гасот е значјано пониска оваа година во споредба со претходната, но од друга страна, субвенции од оваа грејна сезона нема да има. Анализите се во тек. Се очекува одржување на главната седница денеска, каде одлуката ќе се донесе. Инаку, над 90 отсто скопјани добиваат парно од државната ЕСМ која обединува три фирми-ќерки со снабдување, производство и дистрибуција, а тука се и топланата „Скопје Север“ и Енергетика, истакнуваат од РКЕ.
Грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април. На системот за парно греење во Скопје се приклучени 63 000 домаќинства. Од нив, 58 000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1 900 се на железарското парно, а 400 домаќинства се на Топлификација Север
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…