Синот на Буфон доби репрезентативен повик, но не од Италија
Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ја заврши кариерата пред две години, но презимето Буфон ќе продолжиме да го гледаме на фудбалските терени во наредните години.
Синот на Џанлуиџи, Луи Томас Буфон има 17 години и прераснува во професионален фудбалер, но интересно е што нема да тргне по стапките на својот татко кога е во прашање репрезентацијата.
Имено, Луи Буфон доби повик во репрезентацијата на Чешка, а не во Италија, што изненади многу фанови, но причината е сосема очигледна.
Луи Буфон има чешко државјанство бидејќи неговата мајка е Чехинка. Тоа е поранешната сопруга на Џиџи Буфон, Алена Шередова. Џиџи и Алена го добија Луис во 2007 година, а беа во брак од 2011 до 2014 година, кога се разведоа. Легендарниот голман денес е во брак со Иларија Д’Амико, италијанска ТВ водителка.
Сега Луи очигледно е многу поблиску до репрезентацијата на земјата од која потекнува неговата мајка и доби повик во кадетската селекција, додека на клупски план настапува за италијанската Пиза, каде што настапува во У19 екипата (две години постара генерација од неговата).
Оваа сезона Луи Буфон одигра 18 настапи за Пиза во Примавера лигата и постигна 4 голови. Игра во нападот, како крило.
Чешките медиуми пишуваат дека Луи ја прифатил поканата на нивната репрезентација и ќе се појави на собирот за мартовскиот турнир во Португалија, каде Чесите ќе се соочат со Англија, Франција и домашната селекција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…