Сириската амбасада во Белград ги моли Србите за помош
Сириската амбасада во Белград бара помош по разорните двојни земјотреси што ги погодија Сирија и Турција. Сириската амбасада првенствено се обрати на членовите на сириската дијаспора во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Од амбасадата најавија организирање на акцијата за собирање донации во знак на солидарност, со цел да се олеснат маките на луѓето, а со надеж дека „обезбедувањето помош ќе придонесе за надминување на последиците од оваа хуманитарна катастрофа“.
Секој што сака да придонесе во кампањата може да ја посети сириската амбасада седум дена во неделата, на Сердар Јола 12 во Белград. Како што е најавено, Амбасадата официјално ќе ги регистрира донациите по издавање официјална потврда. За сите прашања граѓаните можат да пишат на официјалната е-пошта [email protected], како и на електронската пошта на конзуларното одделение [email protected].
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…