Сирски го брифираше Зеленски: Денеска имаме напредок од еден до три километри во Курск
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска учествуваше на виртуелниот брифинг со началникот на армијата Олександар Сирски за тековната операција во рускиот регион Курск.
„Напредните сили продолжуваат да учествуваат во битките. Имаше напредок од еден до три километри кон непријателот во некои области“, рече Сирскиј на својот дневен брифинг.
Зеленски се распрашуваше за заробени руски војници кои подоцна би ги размени за заробени Украинци.
Сирски го увери претседателот дека тековните битки ќе го надополнат таканаречениот „разменски фонд“.
Храбриот украински воен притисок во руската област Курск им овозможи на силите на Киев да заземат голем број села.
Во операцијата заробени се стотици затвореници, а на евакуација принудени се десетици илјади цивили.
Ова е најголемиот напад врз Русија од Втората светска војна.
За повеќе од една недела борби, руските трупи се уште се борат да ги запрат украинските сили во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…