Сите сме мopaле да се солидаризираме: Во петок Регулаторна ќе одреди новата цена на стpyјата

За утре е закажана подготвителната седница на која Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред енергетските компании ќе ги презентира механизимите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на електрична енергија, информира Марина Узунов, портпарол на РКЕ.
Како што појасни, станува збор за исклучителенo комплексен процес и во време на енергетска криза сите страни мора да се солидаризираат.
РКЕ се уште ги анализира пристигнатите барања од енергетските компании. Сите енергетски компании побарале зголемување на цената на електричната енергија.
Најдоцна до петок РКЕ треба да ја донесе одлуката за цената на струјата за корисниците на регуларниот пазар што ќе важи во првите шест месеци од наредната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина му помага на партнерот од БРИКС…
Јужна Африка ја доби првата серија кинески…
Ново поскапување: Цената на златото е на…
Цената на златото е на шестмесечен максимум.…
Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…
Денови повторно е актуелна темата за законската…
Можеме да здивнеме? ЕВН Хоум ќе ја…
Од следната година по истите формули што…
Паднаа цените на нафтата на светските берзи
На лондонската берза цената на барелот по…