Сијарто: Можеме да ставиме вето на преговорите меѓу Украина и ЕУ

t

Унгарија ќе може да стави вето на преговорите меѓу Европската унија и Украина за членство, кога тие се реални, а не хипотетички како сега. Засега Будимпешта го направи најкоректниот чекор, ослободувајќи се од последиците од одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Киев, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во интервју за порталот Мандинер.


„Мислам дека го донесовме најдоброто решение. Ние не учествуваме во таа одлука, не сме одговорни за неа и се ослободивме од последиците“, изјави Сијарто.
Според него, „прибегнувањето кон суровите средства за вето“ ќе биде целисходно „доколку за време на подготовките за вистински, а не хипотетички преговори, како што се сега, Брисел сака да наметне нешто“ што не е соодветно за Унгарија.
На самитот на ЕУ претходно беше донесена одлука за почеток на преговори за идното членство на Украина и Молдавија во Европската унија.


Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој не гласаше на самитот за таа одлука, изјави дека самата Европска комисија во своите препораки од 8 ноември признала дека Украина се уште не ги исполнила трите услови за почеток на преговорите за членство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ,…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

Пентагон: Украина ќе ја добие помошта за…

Откако американскиот Конгрес го одобри пакетот воена…

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите:…

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5…