Сиљановска-Давкова: Во време обременето со искушенија, верувам дека ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри сите нас да истраеме на патот на доброто
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан и до сите православни христијански верници.
„Почитуван г.г. Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва,
Дозволете ми Вам, Ваше Блаженство, на членовите на Светиот архијерејски синод, на чесното свештенство и преподобното монаштво, како и на сите православни христијански верници, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Денот на Успението на Пресвета Богородица е потсетник за вознесението нејзино со дух и тело и нејзиното застапништвото пред Божјиот престол, за нејзината духовна сила, пожртвуваност, истрајност, доследност, за нејзината исконска мајчинска љубов.
Како Мајка Божја и закрилница, таа е вгнездена и ги вдахновува срцата на сите христијански верници.
Во време обременето со искушенија и премрежија, верувам дека ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри сите нас да истраеме на патот на доброто, градењето на заедништвото, грижата и солидарноста во заедницата, чувајќи и негувајќи го мирот во неа.
Посакувам на овој светол христијански празник, храмовите на Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората, да бидат исполнети со верници сплотени во христијанската љубов под закрилата на Пресвета Богородица.
За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица“, пишува во честитката на Сиљановска-Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова: Во време обременето со искушенија, верувам…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник…
ЈСП: Од 1 септември почнува зимскиот возен…
ЈСП Скопје ги известува корисниците на јавниот…
(Видео) Украински дронови ја нападнаа Москва
Во петок наутро, на 28 август, беспилотни…
Замина омилениот монарх: Почина норвешкиот крал Харалд…
Норвешкиот крал Харалд V почина утрово во…
Доаѓа ли крајот на Вучиќ – Србија…
Србија влегува во предизборна атмосфера откако претседателот…