Сиљановска Давкова во Њујорк се сретна со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

Според соопштението од нејзиниот кабинет, на средбата претседателката Сиљановска Давкова ги потенцирала принципите на светската организација како основа на којашто мора да функционира меѓународниот поредок, без разлика дали се работи за мали или големи држави. Таа на својот соговорник му посочила дека во случајот со македонската евроинтеграција „не смее да се дозволи билатерализацијата да стане камен на сопнување за проширувањето на Европската Унија, која е настаната како мировен процес“.

„Генералниот секретар на ОН, Гутереш, на средбата искажа лутина поради пречките коишто Северна Македонија ги има на патот кон Европската Унија. Порачувајќи дека е голем почитувач на македонската евроинтеграција, во разговорот тој ја потенцираше својата лична солидарност за напорите на земјата да биде дел од ЕУ“, пишува во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

„Генералниот секретар како добар познавач на процесите на евроинтеграција и состојбата во регионот на Западен Балкан, нагласи дека македонската евроинтеграција, целосно заслужено, треба да се случи колку што е можно побрзо“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова во Њујорк се сретна со…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечер ќе се…

Сиљановска Давкова на состаноци на Советот за…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на…

(Видео) Бајден во прошталниот говор пред ОН:„Некои…

Претседателот на САД, Џо Бајден, го одржа…

Еpдоган побаpа од ОH да yпотребат cила…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говорот…