ОН: 14.000 деца ќе умрат во Газа ако во рок од 48 часа не стигне помош
Шефот на службата на ОН за хуманитарна помош, Том Флечер, синоќа предупреди дека ограничените испораки на помош, што неодамна беа дозволени да влезат во Појасот Газа, не се доволни.
Флечер потврди дека Израел вчера им дозволил на неколку камиони да влезат во палестинската енклава.
-Но, тоа е капка во морето од она што е итно потребно, изјави тој, нагласувајќи ја потребата од значително повеќе помош во Газа во следните денови.
-Нè уверија дека ќе помогнат во нашата работа преку постоечките и докажани механизми, изјави Флечер.
Според него, во моментов приоритетна задача е помошта да се достави до најпотребните. Тој предупреди дека пролонгираната блокада довела до голем недостиг и оти останува висок ризикот помошта да биде ограбена.
Според ОН, израелските власти дозволиле девет камиони да влезат во Газа, додека израелската агенција, одговорна за палестинските прашања, соопшти дека само пет камиони стигнале до целта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН: Бројот на жаришта на глад во…
Бројот на области чие население е загрозено…
(Видео) Стерјовски во ОН: Македонците во Албанија…
Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција…
Две третини од домаќинствата во Македонија се…
Во Македонија 66,1 отсто од домаќинствата во…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…