Сиљановска Давкова ќе присуствува на надзорната расправа за Алта Банка
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе присуствува на утрешната надзорна расправа за Алта Банка во законодавниот дом, потврдуваат собраниски извори за Курир.
Како што е објавено, на собраниската Комисија за финансирање и буџет утре ќе се одржи вториот дел од надзорна расправа на тема: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.
Надзорната расправа за Алта Банка започна на 11 ноември. Веќе наредниот ден (12 ноември) пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, до претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска поднесоа барање за продолжување на надзорната расправа на 13-ти ноември.
Одговорот пристигна по една недела, кога стана познато дека надзорната расправа за Алта Банка ќе продолжи утре, 25 ноември со почеток во 11 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска Давкова ќе присуствува на надзорната расправа…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе присуствува на…
Руте: НАТО е подготвен да ја брани…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
ЕЦБ најверојатно ќе ги зголеми каматите во…
Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно ќе ги…
Путин ѝ се закани на Украина со…
Претседателот на Русија Владимир Путин, денеска се…
Папата Франциск го видел ѓаволот, неговиот дневник…
Приватните дневници на покојниот папа Франциск, кои…