Сиљановска му честитала на Радев: Очекувам конструктивен однос и разбирање на потребата од проширување
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во телефонски разговор му ја честитала победата на парламентарните избори на поранешниот бугарски претседател, сега лидер на Прогресивна Бугарија, Румен Радев, и притоа потенцирала дека од новата бугарска влада очекува конструктивен однос и разбирање на потребата од проширување.
-Се разбира. Му честитав, му пратив порака. А потем и ми се јави. Разговаравме. Му посакав успех, изразив уверување дека штом доби вака високо мнозинство тоа е гаранција за стабилност, дека веројатно бугарскиот народ, бугарските граѓани во него препознаа стабилен елемент на државата и нацијата, дека веројатно ќе може лесно да формира влада и да ја оствари својата програма, рече претседателката во изјавата за медиумите денеска во Собранието, на маргините на XX Конференција на претседатели/спикери на парламенти на Јадранската и Јонската иницијатива.
Сиљановска – Давкова посочи дека мнозинството и стабилноста се и за нас важни затоа што, како што нагласи, „ќе имаме со кого да разговараме“.
-Потенцирав дека за мене регионалниот пристап е важен, дека очекувам пријателски однос, конструктивен однос, разбирање на потребата од проширување. Очекувам се разбира организирање средба – изјави претседателката Сиљановска – Давкова.
Радев на парламентарните избори во неделата во Бугарија освои апсолутно мнозинство пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…
Радев денеска има разговор во „четири очи“…
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…
ПЕТКОВ, НЕ ЛETAЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ…
Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум…
Дали Петков ќе ја посети или не…
По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…